Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека играчите на мадридскиот клуб пропуштиле голем број можности во натпреварот од шестото коло на Ла Лига против Елче.
Фудбалерите на Реал го победија Елче на гостински терен со 3-2. Реал водеше со 2-0, но играчите на Елче успеаја да израмнат на 2-2. Победата за мадридскиот клуб ја донесе Карлос Еспи во првата минута од судиското продолжение.
„Очигледно има проблем. Имаме три, четири, пет шанси да го решиме натпреварот, а не го правиме тоа. Лесни шанси, а не ги користиме. А потоа играта преминува од лесна во многу тешка. Поголемиот проблем е што, откако играчите на Реал Мадрид ќе ги пропуштат тие шанси и не успеваат да го решат натпреварот, тие сепак играат како да го решиле и сè е во ред. Не е во ред. Единствено добра работа е што нашите игри никогаш не се здодевни, луѓето се во неизвесност до последниот свиреж на судијата“, рече Мурињо.
Потоа ги пофали играчите на мадридскиот клуб.
„Заслугата за оваа победа им ја припишувам на играчите. Да игравме лошо во текот на сите 90 минути, ќе бев многу загрижен. Но, кога играте добро подолг период и создавате многу шанси, а потоа има лош период во кој сте попасивни и му ја препуштате иницијативата на противникот – секако дека и тоа е загрижувачко, но не до степен кога играте лошо“, додаде тренерот на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
