Мурињо: Реал не моли никого, почнав да се сомневам во Родри

Жозе Мурињо вчера беше претставен и официјално како нов тренер на Реал Мадрид, по што трофејниот стручњак во мегаинтервју за „Ел Чирингуито“ говореше на најразлични теми од последните неколку месеци.

Воедно, Португалецот се осврна и на пропаднатиот трансфер на Родри, кој неколку седмици преговараше со Реал за на крајот да заврши кај лутиот ривал Барселона.

„Добро познато е дека го баравме Родри, јас лично разговарав неколку пати со него, му го претставив проектот, каде ја гледам неговата улога во тимот. Можам да кажам дека финансиската понуда што ја испративме беше одлична, но тогаш Родри почна да се сомнева. А тие негови сомнежи придонесоа и јас да почнам да се сомневам дека тој воопшто е вистински играч за мене и за Реал Мадрид. Видете, ова е Реал и не треба да ви се јави два пати за да сакате да дојдете, треба само да прашате кога и каде треба да се појавите. Однесувањето на Родри не ми се допадна“, истакна Мурињо.

Португалскиот стратег не го крие воодушевувањето од она што го виде од Килијан Мбапе на првите тренинзи по летната пауза.

„Мбапе е нешто неверојатно, некогаш седам крај аут линијата и се смеам, затоа што не можам да поверувам дека навистина е толку добар. Покажа и колку му значи да биде тука, требаше да дојде на 14 август, но Мбапе се појави два дена претходно за да може да настапи на пријателскиот меч со Шалке. Многу ми се допадна тоа, такви треба да бидат сите фудбалери на Реал’, порача новиот стратег на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...