Жозе Мурињо не може да смета на услугите на Орелиен Чуамени ниту за вториот натпревар од оваа сезона откако францускиот репрезентативец ја загуби трката со времето пред пресметката со Реал Сосиедад.
Чуамени не настапи во првото коло против Еспањол, но се очекува францускиот играч за врска да биде „фит“ за дуелот со Сосиедад. Сепак, тој ниту денеска не се појави на тренингот на „кралевите“, по што стана јасно дека нема да му биде на располагање на Мурињо ниту за вториот овосезонски дуел.
Валверде и Бернардо Силва повторно ќе бидат „главни“ на средината од теренот во отсуство на Чуамени, а останува да се види дали Мурињо ќе му даде шанса од првата минута на скапото засилување Диоманде.
Покрај на услугите на Чуамени, стратегот на Реал нема да може да смета ниту на Ендрик,, Милитао, Менди, Родриго и Асенсио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
