Мурињо предвиде дека ќе има голема слава, а тој најави пензија на 31 година: Повеќе немам колена за фудбал!

Жозе Мурињо предвиде голема слава на Давиде Сантон, играч кој важеше за најголем фудбалски талент во Италија во 2009-та и 2010-та година.

Португалскиот тренер всушност го откри дефанзивецот и му даде шанса во првиот тим на Интер. Актуелниот менаџер на Рома беше оној кој му овозможи на Сантон да се прикаже како фудбалер кој може да биде опасен и во одбрана и во напад, а легендарниот Марчело Липи во тоа време го споредуваше како талент кој може да одбележи една фудбалска ера како Паоло Малдини.

За жал, повредите оневозможија да видиме такво нешто и Сантон бележеше огромен фудбалски пад од година во година, па откако не се пронајде во Њукасл, тој во 2015-та година повторно се врати во Интер. После тоа следеше трансфер во Рома, но сега на 31 година потврди дека оди во пензија и веќе нема колена за да игра фудбал на професионално ниво.

„Моето тело веќе не го издржува овој напор, веќе немам колена за фудбал и морам да ги закачам копачките на клин. Не е дека немав понуди, но веќе не сакав ниту да одам на медицински прегледи. Ризикот е да одиграм еден меч, а потоа да паузирам пет. Приморан сум да го направам ова. Левото колено едноставно не ми постои, на десното направив три операции со отстранување менискус и на секоја мала повреда ми прави проблеми“, искрено проговори Сантон за ‘Тутомеркато’.

Се вчитува...