Во изминатите неколку недели една од главните теми во светскиот фудбал беа преговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид околу продолжување на соработката.
Додека траеја преговорите, ситуацијата внимателно ја следеше и Арсенал, кој наводно бил подготвен да ги исполни барањата на Реал доколку не дојде до договор со бразилскиот напаѓач.
Сепак, на крајот двете страни постигнаа договор, а Реал Мадрид официјално потврди дека Винисиус потпиша нов договор до летото 2032 година.
За продолжувањето на соработката се огласи и новиот тренер на „кралевите“, Жозе Мурињо, кој истакна дека договорот е одлична вест за клубот и самиот фудбалер.
„Најважно е продолжувањето. Продолжувањето на договорот е извор на среќа за него и за сите нас“, изјави Мурињо.
Винисиус во последните сезони се наметна како еден од најважните играчи на Реал Мадрид. Во 2024 година ја освои наградата The Best за најдобар фудбалер во светот, а беше прогласен и за најдобар играч во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
