Мурињо се премисли – Ендрик не мрда од Реал

Ендрик нема да ги промени клупските бои летово и најмалку до јануари ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид, откако Жозе Мурињо се премисли и реши да му даде шанса на Бразилецот да се докаже меѓу „кралевите“.

Откако беше доведен Дијаманде, а Винисиус потпиша нов договор беше објавено дека Ендрик добива зелено светло за нова позајмица, откако во јануари замина на шест месеци во Лион, каде на 21 натпревар постигна осум гола и пет асистенции.

Астон Вила и Рома покажаа сериозен интерес испраќајќи интересни понуди, но ситуацијата во меѓувреме се промени откако Мурињо го смени ставот и реши да му даде шанса на Ендрик. Универзалноста на младиот Бразилец, кој може да игра како „деветка“, но одлично се снаоѓа и на крилните позиции, придонесоа „специјалниот“ да се премисли, но останува да се види колкава минутажа ќе добие Ендрик крај огромната конкуренција во нападот на Реал.

Како и да е,, младиот ас ја прифатил одлуката на тренерот, решен да стори се да се наметне откако тоа не му успеа кај Чаби Алонсо.

Се вчитува...