Мурињо со стариот добар рецепт – еден гол за три бода

Рома триумфално ја почна новата сезона откако тимот на Жозе Мурињо во првото коло славеше на гостувањето против Салернитана со 0-1.

Мурињо офанзивно ја почна средбата, со триото Дибала – Заниоло – Абрахам во стартниот тим, при што Заниоло во првите десет минути промаши две стопроцентни шанси. Кристанте го постигна голот за водство на Рома откако одличниот дефанзивец биеше прецизно од работ на шеснаесетникот.

Рома најубавата шанса за втор гол ја пропушти во последните секунди од првото полувреме, кога Дибала излезе очи в очи со домашниот голман, но стрелаше само во дирекот, а Абрахам налета на одбиената топка, но само го погоди противничкиот дефанзивец кој се најде пред празната мрежа.

Се вчитува...