Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, верува дена напаѓачот Винисиус јуниор, неправедно е мета на критики поради слабите игри на стартот од сезоната.
Бразилецот во првите пет кола во Ла Лига постигна само еден гол, и се почесто се слушаат свирежи на „Сантијаго Бернабеу“ упатени кон Винисиус.
Мурињо не е загрижен иако статистиката покажува дека Бразилецот не се наоѓа во најдобар форма бидејќи го радува тоа што го гледа на тренинзите. Португалецот смета дека на неговиот фудбалер му недостасува реализација за повторно да биде оној стариот Винисиус.
„Винисиус работи добро секој ден и тоа ми е многу важно. Но, постои и друг Винисиус, овој кој ја елиминираше Бенфика минатата сезона во натпревари кои беа израмнети. Тие нокаут натпревари, се решаваат со една шанса, еден гол. Моментно му недостасува таа реализација, но садоволен сум. Сигурен сум дека повторно ќе биде стариот Вини“, изјави Мурињо.
Реал Мадрид утревечер (21.30 часот) му гостува на Елче во натпревар од шестото коло од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
