Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, очекувано, имаше бурен настап пред медиумите по мадридското дерби кое го доби Атлетико со 2:1.
Мурињо на прес-конференцијата го критикуваше судењето на дербито, а пред новинарите се појави подготвен со фотографии од две ситуации за кои е сигурен дека ќе го променеa текот на натпреварот.
Станува збор за грубите стартови на Кристијан Ромеро и Ли Канг-ин кои требало да заработат црвени картони, како и за одлуката Мигел Анхел Ортиз Аријас да ја дели правдата на дербито.
„Судиската комисија мора да е среќна бидејќи ова беше многу чидно. Му го даваат дербито 41-годишен судија кој не е меѓународен судија, тоа сигурно не е затоа што е врвен судија. Тој бедник дојде тука и не го издржа притисокот“, ја започна прес-конференцијата Мурињо.
Португалецот исто така имаше големи критики кон судијата во ВАР-собата, Трухиљо Суарез.
„Тој господин Трухиљо има богата историја кај ВАР-судија на натпреварите на Реал Мадрид. За јадниот главен судија може да се каже дека нема искуство ниту авторитет да суди дерби натпревар, но овој господин во ВАР-собата нема никаков притисок. Ими можеби го има, а ние не знаеме. Интересна е оваа комбинација, неискусен судија и господин од ВАР-собата со таква историја, и честитам на судиската комисија.
Мурињо е разочаран од состојбата во шпанскиот фудбал кој според него, не се променил од пред 13 години, кога исто така седеше на клупата на Реал Мадрид.
„Мислев дека ќе видам поинаква лига од таа што на напуштив. Ми рекоа дека не е така и ми објаснија зошто.
Тој се воздржа од директни обвинувања за местенки, и порача дека само бара рамноправни услови за сите.
„Не сакам да одам толку далеку и да кажам дека ова беше подготвено, Сакам да верувам дека погреши судиската комисија. Јадни се, погрешија и делегираа судија кој има 41 година и никогаш не се нашол во ваква ситуација и друг ВАР-судија кој има смешна историја на одлуки против Реал Мадрид. Негреира повеќе не е тука, или пак се уште е присутен? Само сакаме да не остават на мир и да ни дозволат да се натпреваруваме под еднакви услови“, заврши Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
