Мурињо: За фудбалер како Јамал нема место во Реал Мадрид

Шпанскиот репрезентативец и млада суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, во моментов е еден од најпосакуваните фудбалери во светот, но ако се прашува тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, за него нема место на „Сантијаго Бернабеу“.

Португалскиот стратег доби директно прашање од новинарите дали би сакал да го види тинејџерскиот феномен во својот тим, а неговиот одговор беше категоричен и во негов препознатлив стил. Мурињо јасно стави до знаење дека и покрај неспорниот талент на Јамал, кралскиот клуб има поинакви планови и веќе располага со моќен тим во кој профилот на младиот Каталонец не се вклопува.

„Тој е многу добар фудбалер, но не би го ангажирал. Ние веќе ги имаме најдобрите играчи. Сега тие се мои момци, а моите момци се најдобри“, изјави Мурињо.

 

Се вчитува...