Мурињо задоволен – Бејл може да остане до крајот на кариерата

Герет Бејл би можел да остане во Тотенхем до крајот на кариерата бидејќи Жозе Мурињо е задоволен од игрите на одличниот репрезентативец на Велс. Иако сезонава веќе Тотенхем плаќа 20 милиони за неговите услуги, би требало да доплати уште 15 за обештетување како би можел играчот да биде откупен од Реал Мадрид.

Бејл е на едногодишна позајмица, а веќе го постигна и првиот гол по неговото враќање во Лондон. Реал е подготвен да го пушти Бејл за сума од 15 милиони бидејќи е познато дека постои анимозитет меѓу него и клубот, а исто така Флорентино Перез би заштедил и голема сума на пари поради големата плата која ја земаше Велшанецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...