Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, повторно се најде во фокусот на спортската јавност, овој пат застанувајќи во одбрана на Килијан Мбапе кој е на удар на критики по триумфот на „кралскиот клуб“ над Интер од 2:1 во Лигата на шампионите.
„Вината“ на Мбапе е тоа што не им помагал повеќе на соиграчите во дефанзивните задачи, иако го постигна првиот гол на овој натпревар.
Мурињо порача дека не сака директно да им одговори на луѓето кои го критикуваат Мбапе, туку на свој начин застана во одбрана на својот фудбалер.
„Тој е дрво кое дава многу плодови, а обично луѓето фрлаат камења на дрвото кое дава плодови. Мбапе е во право кога им одговори на критичарите. Играчот кој дава 40 голови никогаш не е проблем за тимот“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
