Мурињо жестоко им одговори на Клоп и на Гвардиола: Не видов дека вака плачевте за нас

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола сезонава се најголемите критичари на згуснатиот натпреварувачки распоред, порачувајќи дека овој ритам едноставно е премногу поради што има големи проблеми со повредени фудбалери.

Но, по нивните жалби одлучи да се огласи и Жозе Мурињо кој, како и обично, беше против мислењето на своите ривали.

„Ете ние во еден момент на почетокот од сезоната имавме и четири натпревари во само една недела. Тогаш не слушнав никакво плачење или поддршка за нас. А сега моите колеги и тоа како се гласни за своите проблеми“ – порача Мурињо.

Се вчитува...