Мурињо: Знам каде ќе ја продолжам кариерата

Португалскиот тренер Жозе Мурињо, знае каде сака да ја продолжи кариерата и верува дека на лето ќе се врати на клупските обврски. Италијанските медиуми шпекулираа дека доскорешниот менаџер на Манчестер Јунајтед следната сезона би можел да се врати во Интер, како замена за Лучијано Спалети.

„Поминаа три и пол месеци откога последен пат водев екипа. Кога сте во светот на фудбалот, на конференција за медиуми, мечеви, анализи на натпреварите и дневните проблеми, никогаш немате време за себе. Затоа последните неколку месеци ги искористив да се опоравам. Позицијата на тренер е посебна и затоа уживам во секојдневната работа. Сакам да се вратам на лето, некаде во јуни на почетокот на сезоната“, вели Мурињо. 

Мурињо поради слабата форма на тимот доби отказ од Манчестер Јунајтед, каде како негов наследник дојде Оле Гунар Солскјер.

Тој остави простор за враќање на Интер, остварувајќи го најголемиот успех во клупската историја на „нероаѕурите“ со освоената тројна круна во 2010 година.

Се вчитува...