Муслиу и Инголштад со крупни чекори маршираат кон трета лига (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу и неговиот Инголштад доживеаја нов пораз во втората германска лига, откако денеска загубија на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф со убедливи 3-0.

Домаќините уште во 3. минута стигнаа до водство со голот на Гинчек, а до полувремето веќе имаа и 2-0 откако стрелаше Зимерман во 35. минута. Во вториот дел во 50. минута Нари ги постави конечните 3-0. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар за својот тим.

Инголштад останува на последната позиција на табелата во „цвајти“ со само 15 освоени бода и се на 11 поени негатива од местото кое води во баражот за опстанок во втората германска лига.

 

 

Се вчитува...