Муслиу и МОЛ Фехервар го елиминираа големиот ривал Ференцварош во купот на Унгарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу и неговиот МОЛ Фехервар стигнаа до голем триумф над Ференцварош од 1-2 во натпревар од осминафиналето од националниот куп на Унгарија.

Нашиот интернационалец го одигра целиот натпревар, во кој неговиот тим поведе со голот на Николич од пенал во 8. минута. На 1-1 домаќините израмнија со автоголот на Стопира во 13. минута, додека истиот фудбалер се поправи за големата грешка со гол во 40. минута кој значеше пласман меѓу осумте најдобри во унгарскиот куп за тимот на МОЛ Фехервар.

Се вчитува...