Овогодинешниот олстар меч во Чикаго ќе мине во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џана, екипите на дресовите ќе ги носат нивните броеви 24 и 2, но НБА-лигата реши да му укаже дополнителна чест на починатиот суперстар.
Имено, Комесарот на НБА, Адам Силвер, објави дека наградата за МВП на олстар-мечот во иднина ќе го носи името Коби Брајант.
Асот на ЛА Лејкерс во кариерата четири пати го освојуваше ова признание, а во иднина најдобрите кошаркари на мечот на сите „ѕвезди“ ќе ја освојат наградата што ќе го носи неговото име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА