МЗТ Скопје попладнево на прес-конференција се пофали со новиот спонзорски договор, но аеродромци проговорија и за несогласувањето со федерацијата околу лимитирањето на бројот на странци за новата сезона.
За потсетување, МКФ го намали бројот на странци од четири на три за секоја екипа, одлука што според претседателот на УО на МЗТ Скопје, Никола Трајчевски, била донесена несоодветно и без консултација со клубови.
„Мое лично мислење е дека… не би ја коментирал самата одлука, туку начинот на кој се носат некои системски одлуки за начинот на фукционирање на коошарката. Кога веќе не ги консултирате личните чинители, тогаш барем да се направи анализа, да видите и да споредите со земјите во регионот, па дајте пример каде постои ваков лимит на странци… На кој начин ние ќе ја популаризираме кошарката, да ги натераме децата да се занимаат со овој спорт, го ограничувате бројот на странци на три, а знаете дека учество на меѓународни натпреварувања само со домашни сили е невозможен. Да не говориме сега за евролигашите, кажете ми за екипите кои ќе се сретнеме во Еврокупот на ФИБА, колку од нив се со само три странци. Не ја гледам визијата и долгорочната сстратегија во носењето на такви одлуки, кои според мене се нелогични. Треба да се одлучиме што сакаме, во кој правец одиме. Повеќе ме засегна начинот на кој ја донесоа и ја наметнаа, отколку самата одлука, за која времето ќе покаже дали била вистинска“, истакна Трајчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
