МЗТ молчи, ама Ајви веќе е „аеродромец“ (ФОТО)

Бре Ајви во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на МЗТ Скопје. Американецот ја засили Академија ФМП по самиот почеток на сезоната, а оттогаш се наметна како еден од најдобрите играчи во нашето првенство па се најде и во изборот на ЕКИПА за еден од најдобрите пет странци во првенството.

И покрај тоа што сеуште нема официјална потврда од клубот од Аеродром, Бре Ајви е регистриран како официјален играч на МЗТ Скопје во Кошаркарската федерација на Македонија.

Потврда најверојатно ќе дојде по завршницата на АБА2 турнирот кој се игра во СЦ „Јане Сандански“, но јасно е дека со 25-годишниот бек, МЗТ Скопје ќе добие големо засилување во битката за одбрана на трофејот.

Бековската позиција е проблем за аеродромци по заминувањето на Дастин Вер, а Ајви е идеално решение. Тој е воедно и добро познат на тренерот Александар Петровиќ кој го донесе во Кисела Вода па нема да му треба многу време за привикнување во новата средина.

Се вчитува...