МЗТ покажа моќ, Супер-купот на Македонија заслужено остана во Аеродром (Фотогалерија)

МЗТ Скопје сосема заслужено го одбрани трофејот во Супер-купот на Македонија, откако „металците“ вечерва славеа против ТФТ со убедливи 100-82.

До конечните „плус 18“ аеродромци стигнаа со подобра игра во завршните минути, но со играта што ја прикажаа избраниците на Петровиќ апсолутно го заслужија овој пехар. МЗТ Скопје водеше од почеток до крај, во голем дел со двоцифрена предност и во ниту еден момент не дозволи триумфот да биде доведен во прашање.

ТФТ само на моменти покажуваше блесоци слични на оние од ланската сезона, премалку за да се изненади актуелниот првак, но тимот од скопско Тафталиџе со квалитетот што го поседува покажа дека и сезонава ќе биде дел од борбата за висок пласман.

За МЗТ Скопје ова пак беше генералка пред пеколниот старт на сезоната во АБА-лигата, во кој македонскиот првак во првите три кола ќе се сретне со Црвена Звезда, Партизан и со Будуќност.

Се вчитува...