МЗТ Скопје со нов спонзор во новата сезона

МЗТ Скопје е подготвен за предизвиците што ги носи новата сезона, во која македонскиот првак ќе биде дел од три натпреварувања, домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Европа купот.

На денешната прсс-коференција на која беше промовиран и новиот спонзор, претседателот на Управниот одбор на МЗТ Скопје, Никола Трајчевски, не го криеше задоволството од новиот спонзорски договор потпишан со „Алта Банка“.

„Радува фактот што една компанија што во својот корпоративен идентитет ја има кошарката на регионално ниво, ја препозна амбициозноста на МЗТ Скопје. Благодарност до луѓето од Алта Банка за склучената соработка, додаваме уште една сериозна компанија што е подготвена да ги среди амбициите на МЗТ, не само во оваа сезона, туку и на долг рок. Секако, приоритетна амбиција останува влезот во АБА1 лигата, преку освојување на АБА2 со што следната сезона би имале евролигашки екипи овде во Скопје“, истакна Трајчевски.

„Би сакал да изразам задоволство што денеска ја потрдуваме соработката со МЗТ Скопје, клуб кој има силен печат во македонската кошарка. Алта Банка како банка што се развива и што гради силно присуство во македонското општество, сакаме да биде активен дел од зедничката средина, од заедницата во која работа. Улогата на една компанија не завршува само со услугите што ги нуди, туку силен поттик да се поддржат силни иницијативи, младите и спортот, но и организации што ги обединуваат луѓето. Во МЗТ препознавме таков клуб“, изјави членот на УО на Алта БАнка, Стефан Николиќ.

Се вчитува...