МЗТ Скопје со полесен тренинг против Црн Дрим

МЗТ Скопје им се врати на победите откако на домашен терен славеше над Црн Дрим со 104-67 во десеттото коло од Првата лига. Избраниците на Кочов го наметнаа своето темпо од самиот почеток на натпреварот, ги  слижеше и шутот па лесно стигнаа до втората победа на домашниот фронт.

Црн Дрим успеа да парира само во првите минути од натпреварот по кои „сино-белите“ контролирајќи ја скок играта постигнуваа лесни поени. МЗТ Скопје го служеше и шутот од далечина, постигна единаесет тројки во првото полувреме па на крилјата на Магдевски, Гравет и Стојановски, сосема заслужено стигна до позитива од +36 (67-31) по дванесет минути игра. Вториот дел од натпреварот беше само формалност во која високиот напаѓачки ритам на МЗТ Скопје опадна, а без притисок подобро заиграа и избраниците на Чочороски кои одиграа одлична трета четвртина во која постигнаа 25 поени, а примија само 13. Драгоцени минути на натпреварот доби и талентираниот, 18-годишник Димитар Иванов кој ги запиша и првите поени со сино-белиот дрес.

Предводник на МЗТ Скопје со 26 поени и 11 скока беше Хасани Гравет, додека Андреј Магдевски додаде 20 поени, 6 скока и 7 асистенции. Дамјан Стојановски натпреварот го заврши со 15 поени и 3 скока. Џејмс Каухерд беше прво име кај Црн Дрим со 21 поен и 4 скока, додека Жао Марсело додаде дабл-дабл учинок од 12 поени и 12 скока. Како двоцифрен натпреварот го заврши и Михајло Арсоски со 12 поени и 5 скока.

Се вчитува...