МЗТ Скопје со понуда до Мијатовиќ

МЗТ Скопје се обидува да ја засили центарската позиција со ангажман на својот поранешен кошаркар, Данило Мијатовиќ, кој неочекувано стана слободен играч по распадот на екипата на Охрид. Одличниот центар требаше да биде главен адут на охриѓани под водство на Марјан Илиевски (тренер со кој соработуваше и во Блокотехна), но по згаснувањето на овој клуб Мијатовиќ сега е слободен за трансфер на една недела пред презакажаниот старт на новата сезона.

Работнички не ја крие желбата да го доведе Србинот во „Градски парк“, но поголеми шанси од „центарци“ му се даваат на актуелниот првак МЗТ Скопје. Аеродромци во текот на вчерашниот ден и официјално ги стартувале преговорите испраќајќи официјална понуда, а Мијатовиќ наскоро ќе одлучи во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. Претходно тој со успех настапуваше за МЗТ и во домашното првенство и во АБА-лигата.

Марјан Младеновиќ прв си замина од таборот на Охрид потпишувајќи за Гостивар, а се очекува во следниот период нови клубови покрај Мијатовиќ да најдат и Мекиќ, Пенов и останатите кошаркари на пропаднатиот клуб.

Се вчитува...