На барање на „вардарци“: Вечното дерби во Битола одложено за април

„Вардарци“ побараа а ФФМ прифати вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига место во предвидениот термин на 29. март во четврток да се одложи за месец април.

Вардар има осум македонски репрезентативци кои во моментов се дел од националните селекции, плус и Ерменците Барсегјан и Хамбарџумјан кои до среда ќе бидат со репрезентативен ангажман. Поради тоа од стручниот штаб на Вардар, за подобра подготовка, побараа одложување на натпреварот со Пелистер.

Во четврток од 15 часот ќе се одиграат четири натпревари од 25. коло:

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА
Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ- 1927

Се вчитува...