На „Баварците“ им требаа 70 минути за да го скршат Ајнтрахт (ВИДЕО)

Баерн Минхен запиша тешка победа над Франкфурт, успевајќи да слави минимално со 0-1 во рамки на 24. коло од германската Бундес-лига.

Првото полувреме статистички припадна на Баерн, но домаќините беа доста „жилави“, па ги имаше речиси секаде низ теренот. Неутрализираниот фаворит не успеа да ја затресе мрежата, на пауза се замина со 0-0.

Баерн успеа да му се реваншира на Ајнтрахт за поразот во првиот дел од сезоната, откако славеше во Франкфурт со голот на Сане во 71. минута.

 

https://streamff.live/xzr

Се вчитува...