На денешен ден: Панчев и Најдоски ја искачија Црвена Звезда на тронот на Европа

Точно пред 28 години, на денешен ден Црвена Звезда го совлада Олимпик Марсеј во финалето од Лигата на шампионите во Бари, предводена од Дарко Панчев и од Илија Најдовски искачувајќи се на врвот на европскиот фудбал.

По 120 минути игра резултатот гласеше 0-0, период во кој Најдовски заедно со Белодедиќ маестрално раководеше со одбраната на „црвено-белите“. А кога дојдоа пеналите, погодија Просинечки, Биниќ, Белодедиќ и Михајловиќ, додека Стојановиќ го одбрани ударот на Мануел Аморос. А кога беше најважно, одговорноста можеше да ја преземе само еден – Дарко Панчев.

Македонецот реализираше во манир на голем стрелец, за тотална еуфорија меѓу „црвено-белите“ и успех што е неповторлив за екипи од просторите на поранешна Југославија.

Се вчитува...