На големо задоволство на домашната публика: Надал без многу проблеми до осминафинале во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето од мастерсот во Мадрид откако славеше против Аргентинецот Педро Качин со 2-1.

Легендарниот тенисер беше убедлив во првиот сет добивајќи го со 6-1, а по голема битка во вториот сет Аргентинецот беше оној кој успеа да изедначи во тај-брејк. Одлучувачкиот сет сепак му припадна на Надал со 6-3 со што миленикот на публиката во Мадрид обезбеди место во следната фаза каде за противник ќе го има Јири Лехечка.

Претходно место во следната фаза обезбеди и Каспер Руд потврдувајќи ја фаворитската улога против Камерон Нори со победа од 2-0 (6-2, 6-4).

Се вчитува...