На Гвардиола му пукна филмот, Сити ќе плати за Донарума

Џанлуиџи Донарума до крајот на овој преоден рок ќе потпише за Манчестер Сити откако англискиот гигант реши да ги интензивира преговорите за да го доведе италијанскиот репрезентативец на „Етихад“.

Сити покажа сериозен интерес за врвниот голман веднаш штом тој беше отстранет од првиот тим на ПСЖ, но „граѓаните“ не понудија повеќе од 20 милиони евра со образложение дека Италијанецот има само уште една година од договорот со актуелниот европски шампионат.

Сепак, ситуацијата се промени викендов откако Гвардиола полуде на голманот Џејмс Трафорд кој беше директен виновник за вториот гол во поразот од Тотенхем. Пеп гласно побарал да му биде доведен Донарума, а управата на Сити повторно експресно го прифатило барањето на трофејниот стратег нудејќи 30 милиони евра, сума што ПСЖ ја бараше од самиот старт на преговорите.

Ако се знае дека Донарума веќе се договори за петгодишна соработка со „граѓаните“ и во меѓувреме одби неколку понуди чекајќи го Сити, јасно е дека овој трансфер е многу блиску до реализација и Италијанецот наскоро и официјално ќе му се приклучи на тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Се вчитува...