На крај суспендирани и Мекгрегор и Нурмагомедов

Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов се суспендирани од Атлетската комисија на државата Невада поради инцидентот што се случи по минатонеделниот меч во Лас Вегас.

На спектакуларниот настан УФЦ 229 во Лас Вегас, Дагестанецот Нурмагомедов успеа да ја одбрани шампионската титула во лесна категорија, но неговата борба остана во сенка на хаосот што настана по завршувањето на мечот кога Хабиб ја прескокна оградата и ги нападна членовите од тимот на Мекгрегор.

Моменталниот епилог од инцидентот е десетдневна суспензија за двајцата која стапува на сила од 15 октомври.

Претседателот на Атлетската комисија на Невада, Боб Бенет ја потврди суспензијата и соопшти дека на 24 октомври ќе биде одржан уште еден состанок и дека постои можност оваа привремена суспензија на Мекгрегор и на Нурмагомедов да биде продолжена.

За потсетување, Хабиб Мурмагомедов со победата над Мекгрегор стигна до имнпресивен скор од 27 триумфи без пораз во УФЦ.

Се вчитува...