На Меси и Суарез очигледно воопшто не им падна тешко изгубената титула во Ла Лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Првите ѕвезди на Барселона Лионел Меси и Луис Суарез заедно со семејствата уживаат на јахта, само неколку дена по завршувањето на сезоната во Ла лига. Иако голем дел од навивачите не можат да им простат за очајните игри по враќањето на фудбалот во Шпанија, двата аса брзо заборавиле на изгубениот трофеј од најголемиот ривал. Иако ги очекува и настап во Лигата на шампионите на средината на август, тие овој период го искористија за опуштање и уживање во жешкото лето.

Се вчитува...