На ПСЖ во Франција подобро му оди без Нејмар

ПСЖ со супериорна игра стигна до лесна победа од 1-4 на гостувањето против Стразбур, враќајќи ја негативата во однос на лидерот Лил на три бода. Отсуството на Нејмар, кој поцрвене во минатото коло против Лил, воопшто не се почувствува во играта на „светците“, кои делуваат и покомпактно и поефикасно во домашното првенство кога во тимот го немаат бразилскиот суперстар.

Килијан Мбапе беше играчот што го отвори резултатот, откако францускиот репрезентативец одлично се снајде и реализираше, полн со самодоверба по извонредното издание на последниот меч во ЛШ против Баерн Минхен. Сарабија зголеми на 0-2, а Кеан пред крајот на полувремето се погрижи ПСЖ на одмор да замине со убедливи 0-3.

Младиот Сахи при првиот допир со топката по влегувањето во игра го постигна единствениот гол за Стразбур, пред Паредес со еврогол од слободен удар да ги постави конечните 1-4 на овој натпревар.

Се вчитува...