Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да направи ново чудо, откако вечерва беше поразена од Португалија со 2-0 во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.
По натпреварот очигледно беше дека и на Кристијано Роналдо му падна „камен од срце“ што е уште еден податок за тоа каков тим има Македонија во моментов.
„Целта е остварена. Одиме на Светското првенство во Катар. Ние сме на вистинското место. Благодарам до сите Португалци за неизмерната поддршка. Напред Португалија“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА