На Роналдо му пукна филмот – сака да си замине од Јувентус

Кристијано Роналдо конечно го постигна првиот гол во продолжението од сезоната, за водство од 0-1 во победата над Болоња, но Португалецот не ги заборава оние кои го критикуваат кога работите не одат најдобро за него. Токму затоа, Роналдо е решен да си замине од Јувентус, а како главна причина го наведува стилот на работа на тренерот Маурицио Сари.

Португалецот е еден од неколкуте првотимци кои ја критикуваат тактиката на овој стручњак, сметајќи дека има премногу комбинаторика во средниот ред и премалку употребливи топки за напаѓачите. Она што го боли Роналдо повеќе од тактиката е што Сари повторно го критикуваше по поразот од Наполи, нешто што беше случај и на почетокот од сезонава, кога тренерот на Јувентус неколку пати го повлекуваше Кристијано од игра во вторите полувремиња.

Без разлика дали Јувентус ќе успее да стигне до титулата или не, Роналдо ги разгледува опциите за заминување, но проблем е што нив ги нема премногу. ПСЖ е единствениот клуб што е доволно моќен за да му ја покрие платата од 30 милиони евра, а како можна варијанта се споменува и преселба во САД. И во таборот на Јувентус не се борат премногу да го разубедат Португалецот, свесни дек можат да заработат околу 50 милиони евра, плус да се ослободат од неговата огромна плата во периодот во кој сите клубови ќе ја чувствуваат кризата поради коронавирусот.

Се вчитува...