„На Западот не му одговара Србија да го има најдобриот во свет“

Хрватскиот тениски тренер Никола Пилиќ говореше за статусот на Новак Ѓоковиќ во односот на најголемите ривали. Тој застана во одбрана на Новак, поради неадекватниот однос кон него за разлика од Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„На западниот мејнстрим не му одговара една мала Србија да го има најдобриот во свет. Затоа Федерер и Надал ги креваат до небо, иако Ноле заслужува многу повеќе. Таквиот неправеден однос е главното „гориво“ на Ноле последните десет години“, изјави Пилиќ. 

Новак Ѓоковиќ ќе тргне во напад на 18. грен-слем титула на 31. август, за кога е закажан УС опен.

Се вчитува...