„Сопругите ги напуштаат фудбалерите кога ќе им заврши кариерата“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха откри детали од својот приватен живот, непосредно по разводот со неговата сопруга. Саха потврди дека дошло до развод, а на многу интересен начин објасни во какво време живееме.

„Живееме во многу тажен свет и многу тажно време. Тоа што го гледам е дека многу сопруги на фудбалери ги напуштаат своите мажи откако ќе ја завршат кариерата бидејќи веќе не им се интересни. За жал јас сум еден од тие фудаблери“, изјави Саха. 

Саха во Манчестер Јунајтед ги прикажа најдобрите партии во кариерата, а потоа играше и за Тотенхем и Лацио каде и ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Се вчитува...