Начевски и Николов со нов мундијалски настап

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се најдоа на листата од 16 судиски двојки избрани од страна на ИХФ за претстојниот Мундијал што во јануари 2019 година ќе се одржи во Германија и во Данска.

Изборот е само уште еден доказ за реномето што Македонците го поседуваат во ракометната јавност, со оглед на фактот дека редовно се дел од големите натпреварувања на репрезентативно ниво, како и на фајналфор турнирите од Лигата на шампионите.

Покрај македонските арбитри, на листата на ИХФ за претстојниот светски шампионат се наоѓаат уште и Грилјо/Ленци (Аргентина), Губица/Милошевиќ (Хрватска), Хорачек/Новотни (Чешка), Гјединг/Хансен (Данска), Ралуј/Саброзо (Шпанија), К. Газми/Р. Газми (Франција), Шулце/Тониес (Германија), Мусавијан/Колахдузан (Иран), Павичевиќ/Ражнатовиќ (Црна Гора), Клевен/Јорум (Норвешка), Сантош/Фонсека (Португалија), Лах/Сок (Словенија), Брунер/Салах (Швајцарија), Куртагиќ/Ветервик (Шведска) и Буалуша/Кениси (Тунис).

Се вчитува...