Надал: Ако мене ме прашате, најдобро е да нема тенис до 2021 година

Рафаел Надал стои цврсто на ставот дека не смее да се продолжи со натпреварување додека безбедноста и здравјето на спортистите не бидат апсолутно загарантирани. Според Шпанецот, најдобро решение е целосно да бидат откажани турнирите до крајот на годинава, за тенисерите да почнат да се подготвуваат за Австралија Опен во јануари 2021 година.

„Ако мене ме прашате, веднаш би потпишал да не се игра тенис годинава, да почнеме да се подготвуваме за 2021. Оваа 2020 е ионака речиси загубена, позагрижен сум за Австралија Опен догодина отколку за турнирите што би можел да ги играм во наредните месеци“, истакна Надал.

Шпанецот не крие дека тешко се справува со карантинот, без можност да излезе и да тренира речиси два месеци.

„Тажно е, нема да ве лажам. Се чувствувам како да сме загубиле година од животот. Кога имаше 33 или 34 години, тоа е позначајно отколку кога си 20-годишник и имаш многу повеќе време пред себе“, вели второрангираниот светски тенисер.

Се вчитува...