Надал: Доста е карантин…, имам идеја како да продолжи тенисот

Пандемијата на коронавирусот приреди сериозни проблеми и за тенисерите, кои не можат дури соодветно и да тренираат во куќни услови. Сето тоа очигледно не му одговара на еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал кој одлучи да организира камп за најдобрите тенисери од АТП и ВТА листата и да им биде домаќин во неговата тениска Академија.

Надал планира да се продолжи со тенисот следната недела, доколку добие дозвола од шпанската Влада, преку „карантински камп“ каде тенисерите и тенисерките би живееле, тренирале и би се натпреварувале, секако и со телевизиски преноси.

„Секако во моментов тенисот е најневажен, важно е здравјето на секој поединец, но би ми било драго ако мојата Академија најредните месеци може да послужи за помош на другите професионални тенисери. Мислам дека тука може да создадеме услови за работа и за натпревари во рамките на АТП и ВТА. Иако ова не е во календарот, мислам дека едно вакво натпреварување многу би ни помогнало да го одржиме нивото кога ќе дојдат на ред Грандслем турнирите“ – вели Надал.

Со официјална одлука на АТП нема да има никакво натпреварување до 13. јули, но многумина сметаат дека една ваква идеја на Надал може да заживее.

Се вчитува...