Надал и Зверев на стартот на Ролан Гарос

Освојувачот на 14 титули на Ролан Гарос Рафаел Надал ќе има тешка задача во воведното коло, бидејќи противник ќе му биде светскиот рекет број четири, Александар Зверев.

Надал и Зверев се во половината од ждрепката на Новак Ѓоковиќ кој во првото коло ќе игра со домашниот тенисер Пјер-Иго Ербер. На оваа страна од ждребот е и Русинот Даниил Медведев, кој стартува против Доминик Кепфер.

Во долниот дел од ждрепката, ривал на Карлос Алкараз ќе биде квалификант, додека Јаник Синер го очекува Крис Јубенкс.

Се вчитува...