Надал испадна од турнирот во Мадрид

Рафаел Надал имаше неславен крај на настапот на Мастерс-турнирот во Мадрид каде шпанската тениска легенда по голема битка загуби од Јиржи Лехечка со 2-0 во сетови.

Шпанецот и пред мечот предупредуваше на одличната форма на чешкиот ривал, а Лехечка одговори со маестрално издание, добивајќи ги двата сета со 7-5 и 6-4. Емотивно беше по завршувањето на мечот, откако Надал со овации беше испратен од над 12.000 фанови на трибините, кои за последен пат го гледаа својот миленик на теренот во Мадрид.

 

 

Лехечка во четвртфиналето ќе се сретне со Данил Медведев, за кого ова ќе биде прво четвртфинале на Мастерс-турнир на земјена подлога.

Се вчитува...