Надал: Ќе играм на Ролан Гарос само ако моето тело го дозволи тоа

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се осврна на бројните проблеми со повредите кои ги имаше во текот на кариерата.

Новата повреда на колкот би можел да го спречи да се натпреварува на Ролан Гарос, кој е почнува на 26. мај.

Рафа 14 пати го освојуваше овој турнир, за кој се подготвуваше во Барселона, Мадрид и Рим, но се уште не е сигурен дека ќе настапи.

„Не сакам да играм на Ролан Гарос, ако треба да одам со претпазливост и без можност да го вложам максимумот, како што беше случајот во Барселона и Мадрид. Тоа е посебен турнир во мојата кариера, со толку многу сентиментална вредност ќе биде тешко ако не бидам таму, но ќе играм само ако се чувствувам конкурентен, само ако можам да дадам 100 отсто“, изјави Надал. 

Се вчитува...