Надал му врати мило за драго на Минаур

Рафаел Надал дефинитивно се враќа во посакуваната форма откако шпанскиот ас стигна до нова победа, овојпат над Австралиецот Де Минаур со 2-0 во сетови на турнирот во Мадрид. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Надал пред десет дена загуби од истиот ривал во Барселона, па му се закануваше два пати по ред да загуби од ист противник на земјена подлога откако пред 13 години тоа му се случи од Ѓоковиќ.

Сепак, Надал одговори на предизвикот и бодрен од фановите одигра извонреден меч. Победата е уште позначајна ако се знае дека Де Минаур прв стигна до брејк, најавувајќи дека повторно ќе го најде лекот за шпанскиот ветеран. Сепак, Надал уште на средина од првиот сет израмни на 3-3, а потоа во тајбрејкот триумфираше со 8-6.

Полн со самодоверба, Шпанецот потоа направи брејк на самиот старт од вториот сет, одржувајќи ја предноста до конечните 6-3, за прва победа на Надал над ривал од Топ 20 од АТП-листата по огромни 527 дена пауза.

Негов следеше противник во Мадрид ќе биде Аргентинецот Качин, кој денеска славеше со 2-1 во сетови над Американецот Тиафое.

Се вчитува...