Надал: Сакам повторно да ги гледам луѓето како се прегрнуваат и бакнуваат

Рафаел Надал по пауза од неколку месеци поради пандемијата од коронавирусот повторно ги отвори вратите на својата тениска академија во Мајорка. Шпанскиот тенисер говореше околу предизвиците во тенисот во овие вонредни времиња и нагласи дека ги разбира мерките на властите, но дека тоа не може вечно да трае.

„Конечно се вративме на терен и среќен сум што повторно сум во својата академија и што децата имаат шанса да играат. Воодушевени се и тоа е најважно. Замислувам полни трибини и стадиони, тоа е тоа што го сакаме. Мораме да бидеме трпеливи и да пронајдеме лек за овој вирус, но не верувам во „нова нормалност“ на подолги патеки. Сакам да видам како луѓето се прегрнуваат и бакнуваат, тоа мора да се врати“, изјави Надал. 

Надал минатите месеци беше еден од најгласните околу тоа да се почитуваат мерките за заштита, а исто така и ја критикуваше владата на Шпанија поради како што вели тој недоволно добрата реакција околу ситуацијата поврзана со пандемијата.

Се вчитува...