Рафаел Надал ги негираше обвинувањата дека ќе се приклучи на претседателската кампања на Енрике Рикелме против Флорентино Перез.
Во последните неколку дена, шпанските медиуми пишуваа дека поранешниот тенисер е дел од струјата што сака да го замени Перез од местото на чело на кралскиот клуб.
Познато е дека Надал е голем обожавател на Реал Мадрид, но тој остро ги негираше овие медиумски пишувања.
„Ги прочитав обвинувањата што ме поврзуваат со можни кандидатури за претседател на Реал Мадрид. Сакам да разјаснам дека оваа информација не е вистинита“, напиша Надал на социјалните мрежи.
Флоретино Перез е под огромен притисок овие денови бидејќи клубот ја завршува сезоната без да освои трофеј. Многумина го принудуваат да си замине од Реал Мадрид, но засега тој се спротивставува на притисокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
