Долго се чекаше враќањето на некогаш најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал за во јануари да доживее уште една повреда која го оддалечи од терените неколку месеци.
Слабиот настап во Барселона, на кој му претходеа неколку откажувања на турнирите, го стави под знак прашалник дали некогаш повторно ќе го видиме некаде блиску до врвот.
Она што го видовме досега во Мадрид дава надеж дека тоа ќе биде така. И покрај амплитудите, Надал успеа да го совлада Педро Качин и да се пласира во четвртфиналето во Мадрид.
Тоа беше негова трета последователна победа, нешто на што чекаше дури од 2022 година и УС Опен каде Френсис Тиафо го запре во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА