Наградата „Бест“ ќе се дава во октомври, за излез од сенката на „Златната топка“

ФИФА и „Франс фудбал“ долго време соработуваа доделувајќи заедничка награда за најдобриот светски фудбалер, а по разделбата светската куќа на фудбалот се реши за сопствена награда „Бест“ што се доделува на специјална гала вечера. Сепак, откако ланската награда мина во сенката на „Златната топка“ што се доделува во приближно истиот период, челниците на ФИФА се решија да ја променат „тактиката“ на ова поле.

Имено, наградата „Бест“ отсега ќе се доделува во месец октомври и нема да се однесува на календарска година, туку на минатата натпреварувачка сезона.

Во ФИФА сметааат дека тоа е нормално во ситуација кога битките за трофеите со водат во текот на пролетта, а играчите и тренерите ќе гласаат на почетокот од летото, со „свежи спомени“ од оствареното на најдобрите светски фудбалери.

Во случајов за оваа година (во која не се одржува мундијал ниту Европско Првенств), се чини дека клучно ќе биде финалето од Лигата на шампионите, па во случај на триумф на Реал речиси сигурно е дека наградата ќе заврши кај Кристијано Роналдо, додека доколку победи Јувентус, Џанлуиџи Буфон би бил огромен фаворит за ова индивидуално признание.

ФИФА веќе донела одлука церемонијата за оваа година да се одржи на 23 октомври во Лондон, а местото на одржување (овој јануари беше Цирих) ќе се менува секоја наредна година.

Се вчитува...