Наинголан се враќа меѓу „ѓаволите“

Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан доби повик од селекторот Роберто Мартинез да се врати во белгиската репрезентација за претстојните пријателски натпревари против Мексико и Јапонија.

Играчот за врска на „волчицата“, последниот меч за Белгија го одигра во март, а откако не се најде на списокот за обврските во септември, Наинголан изјави дека нема повеќе да игра за националниот состав се додека Мартинез е на клупата.

Меѓу двајцата имаше големо недоразбирање, Мартинез наоѓаше повеќе причини зошто да не го вклучува во селекцијата, но добрите настапи на Наинголан не му оставија избор на селекторот, па мораше да го повика назад со цел репрезентацијата да се подготвува за СП следната година.

https://twitter.com/BelRedDevils/status/926405902634225664?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fnindza-ponovo-medju-djavolima-319252.html

Се вчитува...