Најава за револуција во фудбалот: Бундеслигата воведува плеј-оф?!

Со стопирањето на Суперлигата беше спречена една револуција во фудбалот, но се чини дека нова доаѓа од Германија каде извршната директорка на Германската фудбалска лига (ДФЛ), Доната Хопфен е подготвена да го следи примерот на американската МЛС и да воведе промена во системот на натпреварување на Бундеслигата.

Имено, за разлика од сегашниот стандарден систем со натпревари дома-гости по кои шампион е првопласираниот тим на табелата, предлогот е да се воведе плејоф со цел подигнување на нивото на натпреварувањето.

„Германската фудбалска лига наскоро ќе одржи расправа во која ќе учествуваат претставници на клубовите по ова прашање“, стои во соопштението на ДФЛ.

Според германските медиуми Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се заинтересирани за оваа идеја, додека останатите клубови се противат на истата. Дали промената на системот ќе значи и повеќе натпревари од кои клубовите ќе можат да заработат повеќе финансиски средства останува да видиме во следниот период.

Се вчитува...