Најденов продолжува кај Вини Шефер во ирански Естеглал

Повремениот македонски репрезентативец Бојан Најденов својата кариера ја продолжува во иранскиот прволигаш Естеглал.

26-годишниот фудбалер од средниот ред веќе пристигна во Техеран, каде денеска и официјално е промовиран во клубот кој е воден од германскиот стратег Винфред Шефер, поранешен селектор на репрезентациите на Камерун, Тајланд и Јамајка. Македонскиот фудбалер се договори за трансфер во Естеглал до јуни 2019 година.

Најденов изминатата сезона настапуваше за египетскиот прволигаш Смуха, а претходно во својата кариера во македонското првенство беше дел од Хоризонт Турново и Работнички.

Се вчитува...