Најдобриот светски јуниор победи на „Македонија Опен 2024“ во Скопје!

Австриецот Жоел Шварцлер е победник на годинашново издание на АТП Челинџерот „Македонија Опен 2024“ откако во финалето го совлада Полјакот Камил Мајхчак со 2-0, во сетови (6-3, 6-3). Финалниот меч траеше 1 час и 21 минута. Швалцер е во моментов најдобриот светски јуниор, а ова е негов прв триумф на Челинџер турнир во кариерата.

Првиот сет почна изедначени и до 3-3 во гемови немаше ниту еден брејк во сетот. Првиот чекор кон победата го направи Шварцлер и го имаше првиот брејк во мечот. Во следниот гем на свој сервис гемот го освои без загубен поен, а потоа направи уште еден брејк за 6-3 во првиот сет. Серијата гемови Шварцлер ја продолжи и во вториот сет и поведе со 3-0 во гемови (имаше серија од шест гема). Полјакот Мајхчак направи еден чекор за враќање откако намали на 3-2 во гемови со еден брејк, но победникот на турнирот во следниот гем го освои гемот за 4-2. Сетот заврши со идентични 6-3 во гемови.

Победникот Шварцлер за триумфот добива 75 поени и 10.200 евра, додека финалистот Мајхчак ќе добие 44 поени и 6.015 евра.

„Честитики за сите, од организаторите, со сите кои беа во организацијата на турнирот. Ова за мене беше одлична недела одиграв одличен турнир и сум задоволен од постигнатиот настап. Ова е голем успех за мене и прв освоен Челинџер турнир затоа сум пресреќен“ – изјави Шварцлер по денешната победа.

Во конкуренција на двојки победија Американците Сигерман и Трхач откако во финалето со 2-0 во сетови ги победија Чесите Поулсен и Рикл.

Се вчитува...